Без струја ќе останат корисниците лоцирани од влезот на село Батинци кон депонијата Дрисла

Од ЕВН Македонија АД информираа дека денеска поради зафати во електро дистрибутивната мрежа без електрична енергија ќе останат корисниците лоцирани од влезот на село Батинци кон депонијата Дрисла, општина Студеничани.
Корисниците ќе останат без струја во периодот од 09.00 до 12.00 часот.