Без струја Долно Соње, село Драчево и дел од Зелениково, а без вода делови од Центар и Гази Баба


Фото: Б. Грданоски

Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија денеска од 08:00 до 14:00 часот, ќе бидат корисниците од дел од с. Долно Соње, од 09:30 до 11:30 часот, корисниците од улиците Партизански пат, Илија Ристевски и дел од Драчевска во с. Драчево, а од 09:30 до 15:00 часот, корисниците од селата Дејковец и Добрино во Општина Зелениково, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.

Беза вода, пак, поради промена на вентил во шахта, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, ќе останат корисниците од дел од ул. Ленинова, на потегот од бул. Митрополит Теодосиј Гологанов до ул. Никола Тримпаре во Општина Центар.

Поради изведувње на водоводни приклучоци од 08:00 часот до завршување на интервенцијата, вода ќе немаат корисниците на дел од ул. Индустриска во Општина Гази Баба, а како и корисниците од Тениското игралиште во Општина Центар.