Без струја денеска делови од општините Аеродром, Илинден, Центар и Сарај


Поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Аеродром, Илинден, Центар и Сарај.

Во периодот од 8.30 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од населба Лисиче од улицата Архитект Сотир Томовски во општина Аеродром, од 8 до 17 часот, корисниците од населба Илинден, фирмите Суташ, ДМ-транс, Живинарска фарма Птичеводство и Волво сервис во општина Илинден.

Како што соопшти РЦУК, од 9 до 11 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат корисниците од улицата „Максим Горки“ броевите 3,5, 7 и 9, а од 9 до 14 часот корисниците од улиците: Дебарца и Антоние Грубишиќ во општина Центар.

Во период од 9 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците од село Глумово, ПС Глумово, Водни пумпи Глумово, село Шишево, село Матка, Бис оил, Адриус, Тиамо, дел од Сарај, Викенд Матка, Одморалиштето Матка и Музеј Матка, во општина Сарај.