Без струја делови од Сарај, Центар, Сопиште и Ѓорче Петров

Според информациите од ЕВН Македонија АД денеска без струја ќе бидат делови од општините Сарај, Центар, Сопиште и Ѓорче Петров.
Во период од 09:00 до 11:00 часот, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат корисниците од село Чајлане, општина Сарај, од 09:30 до 11:00 часот, дел од ул „2“ во општина Сопиште, од 09:30 до 11:00 часот, дел од ул „4“ во истата општина, а од 09:30 до 14:00 часот улиците „Рилски Конгрес“, „Славејко Арсов„ и „Христо Чернопов во општина Центар.
Како што информираат од РЦУК, во период од 12:30 до 14:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на улиците „Мечкин Камен“ и „Петко Јанчевски“ од бр.32 до бр 60 во општина Ѓорче Петров.