Без струја делови од Рашче, Кисела Вода и Зелениково, вода ќе нема на повеќе улици во Центар и Карпош

Во повеќе делови од Скопје денеска ќе има прекини во снабдувањето со електрична енергија и вода, според известувањата од ЕВН Македонија и ЈП Водовод и Канализација. Без струја ќе бидат делови од Рашче, Кисела Вода и Зелениково, а вода ќе нема на повеќе улици во Центар и Карпош.
Од ЕВН Македонија соопштуваат дека без електрична енергија во периодот од 08:30 до 11:00 часот, ќе останат дел од корисниците на село Рашче на влезот и кај долната Џамија, а во периодот од 11:00 до 15:30 часот, струја ќе нема во село Рашче кај школото и патот за село Копаница (општина Сарај).
Во периодот од 08:30 до 11:30 часот, струја ќе нема на улицата „Иван Хаџиниколов“, на потегот од бр.11 до бр.33 (општина Кисела Вода), а од 09:00 до 14:30 часот, без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од Страхојадица, Ново Село, дел од село Зелениково, Смесница, Пакошево во општина Зелениково.
Според информациите од ЈП Водовод и Канализација, поради уличен дефект на улицата „Владимир Полежановски“ бр.1 во општина Центар, во периодот од 08.30 часот до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата.
Поради дефект на улицата „Дане Крапчев“ бр.21, исто така, во општина Центар, во периодот од 08:30 часот до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улица „Дебарца“, „Дане Крапчев“ и „Славка Недиќ“.
Вода денеска од 09:30 до завршување со работните обврски поради водоводен приклучок на ф 100 мм на улица „Женевска“ бр. 35 ќе немаат и корисниците на дел од улица „Женевска“ и улица „Бањалучка“, (Општина Карпош).