Без струја делови од неколку скопски општини

Корисниците од ул. „Црноризец Храбар“ во општина Аеродром денеска од 8 до 13 часот ќе останат без електрична енергија, соопшти РЦУК-Скопје по известување добиено од ЕВН Македонија АД.
Од 8.30 до 13 часот струја ќе немаат дел од корисниците од с.Сарај – пат за Љубин (кај џамијата) во општина Сарај, а од 9 до 11.30 часот и поголем дел од корисниците од објектите со парен број на ул. „Иван Цанкар“ во населба Влае во општина Карпош.
Од 9 до 13 часот без електрична енергија ќе останат и корисниците од ул. „Елисе Поповски Марко“, „Киро Гавриловски“ и „Антон Панов“ во општина Центар, од 9 до 14.30 часот – дел од корисниците од ул. „Франце Прешерн“ со броеви од 20 до 40 во општина Карпош и од 11 до 15.30 часот – дел од корисниците на ул. „Поп Богомил“ и „Трнодол“ во општина Карпош.