Без струја делови од Кисела Вода, Аеродром и Шуто Оризари

Без електрична енергија денеска ќе бидат делови од Кисела Вода, Шуто Оризари и Аеродром.
Регионалниот центар за управување со кризи од Скопје, повикувајќи се на информација од ЕВН Македонија, соопшти дека од 08:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисниците од булеварот „Борис Трајковски“ – крак 20 во Усје во општина Кисела Вода, а од 09 до 15 часот, корисниците од ул. „Божидар Рајковиќ“, дел од корисниците од улиците „Горноврановска“ и Горно Лисиче во општина Аеродром, како и дел од корисниците лоцирани околу ул. „Брсјачка буна“ бр. 163. во општина Шуто Оризари.