Без струја делови од Центар, Аеродром, Сарај и Бутел

Без струја денеска од 9 до 11 часот ќе бидат објектите во околината на Транспортниот Центар, односно делови од улиците: „Мирче Ацев“ и „Никола Карев“, Општина Центар, а од 9 до 12 часот делови од ул. „Ѓорѓи Капчев“, Општина Аеродром, и од село Никиштани, Општина Сарај.
Најавен е прекин во снабдувањето со електрична енергија и на објектите во околината на БОРА ПЕТРОЛ во Индустриската зона – Качанички Пат, Визбегово, Општина Бутел, од 11 до 14 часот.
РЦУК Скопје соопшти дека прекинот е поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа најавени од ЕВН Македонија.