Без струја дел од ул. „Христо Татарчев“ во Кисела Вода

Поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија денеска ќе бидат корисниците од дел од ул. „Христо Татарчев“, во околината на „Кам маркет“ и фирмата „Дизајн фантазија“ во општина Кисела Вода.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиено известување од ЕВН, прекинот во напојувањето со струја ќе биде од 8 до 15 часот.