Без струја дел од корисниците во повеќе скопски општини


Фото: Б. Грданоски

Од ЕВН Македонија АД информираа дека денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општините Сарај, Аеродром, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Студеничани и Зелениково, како и во Центар.

Oд 06:30 до 13:00 часот без струја ќе останат корисниците од с.Сарај -пат за с.Лубин кај кафе бар Лозана, Општина Сарај.

Oд 08:00 до 15:00 часот, дел од село Долно Лисиче реон околу надвозникот, Општина Аеродром. додека 09:00 до 13:00 часот, без струја ќе бидат улиците „Тутинска“, „Мара Јосифовска“, „Драчевска“, „Јанко Мишиќ“ и „Бранко Заревски“ во општина Кисела Вода. 

Без струја од 09:00 до 14:30 часот ќе бидат дел од потрошувачите на ул. 51 во село Волково, општина Ѓорче Петров, а од 09:00 до 15:00 часот, Алдинци, Црвена Вода, Цветово, Драчевица, Горно и Долно Количан, Палиград, во општина Студеничани и Зелениково.

Oд 09:00 до 15:00 часот без струја ќе останат и корисниците од Морани и депонија Дризла, Бато, во општина Студеничани.

Oд 09:00 до 14:30 часот, без струја ќе биде и булевар „Патризански Одреди“, зграда бр.129, општина Центар.