Без струја дел од корисниците во општините Ѓорче Петров, Сопиште и Карпош, без вода Министерството за транспорт и деловни објекти

Од ЕВН Македонија АД информираа дека денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општините Ѓорче Петров, Сопиште и Карпош. Без вода, најави ЈП Водовод и канализација – Скопје денска ќе останат корисниците од ул. „Црвена Скопска Општина“.
Без струја од 09:00 до 12:00 часот ќе бидат дел од корисниците во село Волково – место викано Пржина, Општина Ѓорче Петров. Oд 09:00 до 15:30 часот, ул. „29“ во село Сопиште, а од 10:00 до 15:00 часот, корисниците од улиците „Бриселска“, „Софиска“ и „Гаврил Лесновски“, Општина Карпош.
ЈП Водовод и канализација – Скопје информира дека поради промена на затварач ф 2“ на ул. „Црвена Скопска Општина“ бб, без вода ќе останат корисниците од истата улица, Министерството за транспорт и деловните објекти. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.