„Без култура, нема иднина“: Голи актерки протестираа против локдаунот на француските Оскари

Париски „Фигаро“ синоќешното доделување на француските Оскари го нарече „најкатастрофалната церемонија во историјата од создавањето на Цезарите. Рекордот беше тешко да се собори, особено по минатогодишното фијаско“
Франција- Француска актерка се соблече гола на сцената на доделувањето на филмските награди на француската кинематографија Цезарз во Олимпија -во знак на протест за повеќемесечниот локдаун и затворање на културните институции.
Корин Масиеро носеше крвав костум од магаре пред да ја отстрани облеката за да ги открие зборовите „Нема култура, нема иднина“ напишани преку нејзиниот грб додека синоќа ја доделуваше наградата за костим.
Додека повеќето деловни активности се отворени во Франција, театрите и кината се затворени повеќе од три месеци.
Демонстрантите побараа од владата да стори повеќе за да се запре стопирањето на настапите и да се поддржи индустријата опфатена од пандемијата.
Неколку театри беа окупирани вчера во најмалку девет градови, додека седењата во театарот „Одеон“ на Левиот брег во Париз влегоа во осмиот ден.
Денешните критики за самата церемонија не се ниту најмалку нежни кон Цезар 2021 година: од кои некои како париски „Фигаро“ ја нарекоа „најкатастрофалната церемонија во историјата од создавањето на Цезарите. Рекордот беше тешко да се собори, особено по минатогодишното фијаско“.
Односно критичарот Ерик Нехов смета дека „меѓу сите политички трибини и сомнителни шеги, 46-то издание на престижната церемонија ја заборави суштинската работа, да зборува за киното и филмот“.
Според овој критичар, невозможно е да сме биле сведоци на најкатастрофалната вечер. Имаше алузии на Џорџ Флојд. Неочекувано. Се слушнаа највулгарни зборови. Времените работници во културата кои го окупираа театарот Одеон, прочитаа текст. Некој, кој дојде да го награди најдобриот документарец, зборуваше за сеопфатниот закон за безбедност. Една дама целосно се разголи и носеше санитарни тампони како обетка. Ова беше во знак на протест поради системот за осигурување од невработеност. Натали Беј беше прашана дали е „мајка на …“. Професорката Жан Балибар ја изнесе својата политичка порака до Канал+. Таа пресметала дека улогите за жени над четириесет години биле премногу ретки.
Тие беа таму за да ги наградат другите и не можеа да не го свртат разговорот кон својот сопствен случај. Марина Фоис во фустан со срма, која беше домаќин церемонијата, се присети дека имала шеснаесет номинации и нула Цезари. Како овој мал свет успева да се направи толку непријателски расположен? Режисерот не ја покажа министерката за култура, но нападите кон Розелин Башелот беа многубројни. Текстовите на сите беа неверојатно слаби. Во врска со доделувањето на Цезарите за краткиот филм, домаќинката на церемонијата неколку пати повтори „Дали големината е важна?“ Таа продолжи со „Да не заборавиме дека без светло колоноскопија би била само црна дупка“ и си дозволи „ Го повикувам Ксавиер Дупон де Лигонес“.
За среќа, Бенџамин Биоеј беше на пијаното. Сушон пееше „Кога ќе бидам КО“ и Кетрин Ранжер „Се враќам да те земам“. Фани Ардант се осмели да каже добри работи за мажите. Сами Буажила ја бакна. Хуперт беше многу шик во црно. Вансент Дедиен се пошегува на сметка на Хитлер. Целиот Сплендид се најде пред микрофонот. Луис Гарел го поздрави Жан-Клод Кариер споменувајќи го неговото омилено јадење, бруиса со див аспарагус. Извадоци од филмови им оддадоа почит на Мишел Пиколи и Жан-Лу Дабади.
Церемонијата, на која имаше само 150 гости, сите номинирани, ќе треба да се преиспита и да се направи поинтересна, бидејќи таа покажа дека постои голема разлика меѓу неа и квалитетот на француските филмови. (според агенциите)