Без ковид сертификати на Оскарите во март
САД- Нема да биде потребен доказ за вакцинација против коронавирус за да присуствувате на годинешните Оскари. Доделувањето на 94. Филмски награди на академијата на САД ќе се одржат на 27 март.
Според британски „Гардијан“, Американската академија за филмски уметности и науки нема да бара пропусница за ковид за присуство на церемонијата. Наместо тоа, од гостите ќе се бара негативен ПЦР-тест или негативен брз антигенски тест, објави „Холивуд репортер“.
Филмот „Моќта на кучето“ (The Power of the Dog) на Нетфликс, ревизионистички вестерн кој го користи овој жанр за да ја истражи токсичната машкост, доминира со 12 номинации за Оскар. Веднаш зад него е „Дина“, голема адаптација на популарниот научно-фантастичен роман за кој некогаш се веруваше дека не може да се пренесе на големото платно, доби 10 номинации за Оскар. „Приказната од западната страна“ и „Белфаст“ добија по седум номинации.