Без електрична енергија утре делови од општините Аеродром, Кисела Вода и Сопшите
Поради технички зафати во електро-системот без електрична енергија утре ќе останат дел од општините Кисела Вода, Сопиште и Аеродром.
Во период од 9 до 10 часот без струја ќе останат сите стопански и нестопански субјекти на булевар „Борис Трајковски“ што се напојуваат од следниве трафостаници: Градинар Лозар, Типо, Електроконтакт, Дизајн Пинтија и Ник Велк во општина Кисела Вода.
Без електрична енергија од 9 до 13 часот ќе бидат корисниците од село Долно Соње кои гравитираат кон село Говрлево во општина Сопшите.
Во време од 10 до 11 часот без струја ќе бидат корисниците од зграда број 31 на улица „23 Октомври“ во општина Аеродром