Бесплатно Кино под отворено небо со филмови на Бранко Гапо


Бесплатно кино под отворено небо во Велес од вечерва од 21 часот ќе има на паркинг просторот кај театарот „Јордан Хаџи Константинов- Џинот“.Ќе се прикажуваат филмови од режисерот  Бранко Гапо, а прв на програмата вечерва е „Истрел“. На 10 август ќе биде прикажан филмот „Време,води“ а на 13 август „Македонска сага“.

-Ги покануваме љубителите на филмот да присуствуваат на овие бесплатни летни кино вечери и да уживаат, повикуваат од велешкиот театар кој е организатор на ИФАД „Стоби 2021“.

Филмовите се придружна програма во рамки на програмата на ИФАД „2021“.
Оваа е можност повозрасните велешани да се потсетат кога до пред 20 години во градот се прикажуваа филмови на отворено, а помладите за првпат да гледаат кино на отворен простор.
 
Повозрсните велешани се сеќаваат на поранешните две кино сали на отворено, едната која е во склоп на Киното „11 Октомври“, а другата ви склоп на киното „Вардар“ која воедно беше воедно и  старата зграда на велешкиот Народен театар.
 
Затворните две кино сали на отворено веќе со години се руинирани, запуштена и пропаѓаат. Онаа кај велешкиот театар, заедно со театарската зграда наскоро  треба да се сруши, а за Општината според својата одлука на тоа место да изгради станбена зграда.