Бесплатен одмор во Струга за 700 деца од семејства во социјален ризик

Одморот во траење од една недела, што опфаќа шест полни пансиони, соопштија денеска од Министерството за труд и социјална политика, го користат деца од петто до деветто одделение.
– Наменет е за членови на семејства корисници на гарантирана минимална помош и детски и образован додаток, деца без родители и родителска грижа, како и деца со попреченост, односно корисници на посебен додаток до 26 години возраст, појаснуваат од МТСП.
Од Министерството за труд и социјална политика истакнуваат дека продолжуваат да вложуваат во подобри услови за ранливите категории граѓани, бидејќи секој човек заслужува достоинствен живот и секое дете еднаква шанса.
– Со социјалната реформа значително ја зголемивме финансиската помош за домаќинствата во социјален ризик, воведовме нови мерки и услуги за нивно полесно секојдневие и поквалитетен живот, се подвлекува во соопштението.