Бесплатен концерт за 200 години од раѓањето на Штраус пред Операта на 5 јули

На 5 јули на платото пред Националната опера и балет (НОБ) ќе се одржи бесплатен концерт во чест на 200 години од раѓањето на Јохан Штраус, еден од најзначајните светски композитори.
Ќе настапат Оркестарот на НОБ составен од 80 музичари под диригентство на Винсенз Праксмарер и солистите Бригита Симон и Иван Наумовски. Тие ќе изведат репертоар составен од најпознатите валцери, арии и маршеви на Штраус.
Настанот се организира во соработка со Австриската амбасада во Скопје.
Од НОБ велат дека влезот е бесплатен, но регистрацијата е задолжителна на линкот.