Бесплатен јавен превоз за „Бела ноќ“


Фото: Б. Грданоски

ЈСП Скопје и годинава ќе овозможи бесплатен јавен превоз по повод одржувањето на традиционалната културна манифестација „Бела ноќ 2022“.

Право на бесплатен превоз ќе имаат сите граѓани во период од 18 часот во сабота (1.10.2022 год) до 05 часот во недела (2.10.2022 год).

Потсетуваме дека во функција се и ноќните линии, а возниот ред е достапен на веб страницата на ЈСП Скопје (www.jsp.com.mk).