Беше бездомник и затвореник, а сега освојува олимписки медали и им помага на другите
Параолимписките игри секогаш носат бројни неверојатни спортски приказни, а една од најинтересните секако е приказната за 49-годишниот американски пара-тенисер Тал Лејбовиц, кој од бездомништво и затвор отиде на подиумот.
Учествуваше на седмите параолимписки игри во Париз, а досега има освоено три параолимписки медали, меѓу кои и златниот во Атина во 2004 година.
Спортот беше катализатор што му го промени животот по детството во кое неговите родители се бореа со ментални болести и дрога, а тој стана бездомник на 13-годишна возраст.
Живеел во воз во њујоршкото метро, а педесет пати завршувал во затвор. На 15-годишна возраст го „открил“ пинг-понгот во парк во Њујорк. Сепак, Лебовиц е еден од пет милиони луѓе кои имаат болест наречена остеохондрома, што значи дека има бенигни тумори по целото тело.
„Тие се многу болни, особено во ‘рбетот“, изјави тој за IPC. Кога имал 21 година, се приклучил на параолимпискиот спорт. Дипломирал на Универзитетот во Њујорк и работи како социјален работник.
„Ми причинува големо задоволство. Им помагам на луѓето со депресија, анксиозност, шизофренија, биполарно растројство. Сакам да им помогнам да си го подобрат животот“, додаде тој.
Тој објави и автобиографија „Книгата на Тал“, во која детално опишува како избегал од безнадежноста и насилството на уличниот живот.
„Забележав дека сè почна да се менува во Атина, а потоа имаше поголеми гужви во Пекинг. Сепак, Париз ми е омилен досега. Градот, луѓето – сите се одлични, особено атмосферата во салите“, додаде тој.