Беса: Заев одма да распише предвремени парламентарни избори
За жал, и денес од Берлин не ја добивме посакуваната вест за отпочнување на преговори за членство во Европска Унија. Верувајќи во европската демократија и европските вредности, очекуваме дека земјите членки ќе успеат да изнајдат заеднички јазик за интегрирање на Северна Македонија во европското семејство како од највитален интерес за граѓаните на нашата држава, се вели во соопштението на Движењето Беса.
,Северна Македонија треба да добие датум за преговори не заради неуспехот на владата да ги аплицира очекуваните реформи, но заради убедувањето и определбата на сите граѓани на Северна Македонија. Бидејќи денес не успеа да се одржи ветувањето за отпочнување на преговорите овој месец, како и не се дадени гаранции дека датум може воопшто да се добие во текот на ова тековна година, затоа го охрабруваме премиерот да го одржи ветувањето и одма да распише предвремени парламентарни избори, после кои сигурно ќе дојде една политичка елита што ќе обезбеди сигурна европска иднина и интегрирање на Северна Македонија во Европската Унија“, се наведува во соопштението на Беса.