Берлин поднесе кандидатура за домаќин на Олимпијадата во 2036 година

Берлин – Германската престолнина Берлин официјално поднесе кандидатура за домаќин на Олимписките игри во 2036, 2040 или 2044 година, пренесува Асошиејтед прес.
Доколку Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) ја одобри кандидатурата, Берлин би можел да биде домаќин на Игрите еден век по Олимпијадата во 1936 година.
Многу берлинци веќе се изјаснија против идејата да бидат домаќини на Олимписките игри. Поддржувачите на движењето наречено „NOlympia Berlin“ најавија дека планираат да соберат доволно потписи за одржување референдум против Олимпијадата.
Покрај Берлин, заедничка кандидатура за домаќин на Игрите во 2036, 2040 или 2044 година би можеле да поднесат и Минхен, Хамбург и Северна Рајна Вестфалија.
Следните летни Олимписки игри се закажани за 2028 година во Лос Анџелес, а четири години подоцна во Бризбејн (Австралија).