Бериша пред протестите: Историско цунами, Албанија се влева воТирана
Поранешниот албански претседател и премиер и почесен претседател на опозициската Демократска партија, Сали Бериша, пред почетокот на протестот на обединетата опозиција на својот профил на Фејсбук напиша: „Денес историско цунами“.
– Денес историско цунами! Албанија се влева во Тирана, Рама оди си. Победа, напиша Бериша.
Протестот почнува во 19:00 часот.Се дознава дека опозицијата побарала дозвола за 5 часа од 19:00 до 23:59 часот.
Објектот на Владата, каде треба да почне протестот, пред два дена поставена е метална ограда, и е целосно блокиран од големи полициски сили, има оклопни возила како и возила за брза помош и цистерни со вода, за водени топови доколку има потреба за тоа. Метална ограда е поставена и околу Парламентот.
За безбедноста се ангажирани околу две илјади униформирани и цивилни лица од МВР, поставени се дополнителни безбедносни камери, а на готовс се и припадниците на Националната гарда.
Според организаторот овој ќе биде најмасовен протест одржан до сега.