Бендот „Фанк Шуи“ со хуманитарен концерт за Кочани во МКЦ на 15 мај

Бендот „Фанк Шуи“ (Funk Shui) ќе оддржат хуманитарен концерт за Кочани во МКЦ на 15 мај. Ова е многу битен и голем концерт кој што бендот го најавуваат и со продажба на карти од цена по 600 денари, а потоа на влез од 800 денари, се креира голема можност за донации и помош. Сите средства од картите ќе одат кај луѓето на кои им се потребни од Кочани.
Фанк Шуи се бенд со огромен потенцијал за глобално остварување односно можна и светска слава во иднина. Бендот го сочинуваат првобитно Лука Ѓеорѓиевски – вокал, гитара и пијано, Давид Николовски – тапани и Стефан Стојанов – бас гитара. Подоцна Стојанов е заменет со Михаил Намичев. Исто така долго време имаат и тапанарка, односно Мартина Баракоска која и самата е инзвонреден музичар и пее и свири на повеќе инстурменти.
Што се однесува до уникатноста на бендот успеаа да создадат доста хитови што и помладите генерации ги знаат напамет, затоа што и самите се млади луѓе. Пред многу години првата песна што ја презентираа со спот беше песната “КРИК“.
Другите најпопуларни песни им се “Стаклени Нозе” како најдобра нивна балада, песната “ЧAJ” како еден позитивен изблик и коментар за нашето секојдневие изведена песна со влевање многу позитивa, популарноста им скокна кога остварија и соработка со Вера Љубојна на песната НЕВРЕМЕ, но спотот на песната завршува како пејачот колапсира во снежна шума со SOS дим, додека според содржината на спотовите во песната ветер, се буди истиот протагонист игран од Лука Ѓеорѓиевски (пеачот на бендот) во шума, но овојпат е пролет и приказната продолжува.
Тоа што е специфично и за нивните спотови и за нивните текстови што се интерконетирани и преставуваат една целина што е континуирана приказна. Често употребуваат и фрази од една песна во следна песна и тоа ги прави уште потемелни како музички изведувачи. Други нивни хитови со линкови се песните “НИКОГАШ ПАК”, ”МЕТЕОРИ”, “ДЕЦА”, “ОГЛЕДАЛА”, “Вијулица/Сомнежи?” и други песни што ќе оставиме на вас да ги откриете. Целата нивна музика може бесплатно да се преслуша бесплатно на YouTube.