Беља повторно му се обрати на Заев: Дефинитивно имате проблем со вашата човечност
„Ако за една недела ви умираат 6 (шест) новородени бебиња, и вие го толкувате како “тропање глупости” тогаш дефинитивно имате проблем со вашата човечност. Жалам многу што родителите на овие новороденчиња и на покојните пред нив мораа да слушат ваков вокабулар на еден Премиер. Во другите држави се оди во затвор за вакви случаеви но не и кај нас. Па уште да спомнувате позиции…“, напиша Беља.