Белград ќе биде домаќин на меѓународната изложба ЕКСПО 2027


Главниот град на Србија, Белград, денеска е избран за домаќин на најголемата светска изложба ЕКСПО 2027, на Генералното собрание на Меѓународното биро за изложби (БИЕ) во Париз.

Како што јави Танјуг, Србија победи во сите четири круга на гласање на Генералното собрание на БИЕ, добивајќи најголем број гласови во секој од нив. Во последното коло единствен противник беше шпанската Малага.

Противници на Белград беа градови од четири земји – САД, Тајланд, Шпанија и Аргентина.

За време на гласањето, посебна поддршка на делегацијата на Србија и дадоа и претставници на Кина.

Србија беше единствената земја од Југоисточна Европа која аплицираше за домаќин на престижната светска изложба.