Белгискиот премиер побара од ЕУ да го „запре крварењето“ од цените на енергијата
Белгискиот премиер Александар Де Кро ја повика ЕУ да го „запре крварењето“ од високите цени на енергијата, додека тој ги претставувашеновите национални мерки за намалување на трошоците за потрошувачите и за зачувување на ресурсите.
„Во Европа треба да имаме само еден приоритет“, рече Де Кро на прес-конференција. „Само на европско ниво ќе успееме да ги намалиме цените.Само Европската унија може да го запре крварењето“, рече тој.
Белгија е последната земја од ЕУ која воведе реформи за ограничување на цените на национално ниво, а министрите за енергетика на ЕУ треба да се состанат на 9 септември за да разговараат за решенија на европско ниво. Откако Русија ја започна војната во Украина, белгискиот премиер е силен поборник за воведување ограничувања на цената на гасот на ниво на ЕУ, предупредувајќи минатата недела дека „следните пет до 10 зими ќе бидат тешки“.
Владата на Де Кро планира да воведе неочекувани даноци за производителите на енергија. Додека данокот првично ќе го таргетира нуклеарниот сектор, работната група ќе ги разгледа другите производители на енергија, но Де Кро не прецизираше кои од нив. Шпанија, Италија, Романија и Грција веќе спроведоа слични мерки, а идејата добива на сила и во Германија.
Белгија, исто така, ќе ја намали потрошувачката на енергија во јавните згради, на пример, барајќи да се намали употребата на климатизација и греењето да се зголеми само до максимални 19 степени Целзиусови. Осветлувањето во јавните згради ќе биде исклучено во периодот од 19 часот до 6 часот наутро.
Владата, исто така, води дискусии со финансискиот сектор за потенцијално запирање на плаќањата за хипотеки за домаќинствата кои се најмногу погодени од зголемените цени и ќе соработува со федерациите на работодавачи за да се најдат решенија за бизнисите и малите и средни претпријатија (МСП).
Белгија планира да ги продолжи другите енергетски мерки кои моментално се во сила до крајот на март 2023 година, како што е социјалната тарифа за семејствата со ниски приходи, 6 проценти ДДВ за електрична енергија, гас и топлинска енергија, како и намалување на акцизата на бензините и дизелот.
„Ќе останам во контакт со Европската комисија за да може да се преземат овие мерки“, рече Де Кро. „Европа мора да покаже дека е способна да ги заштити своите граѓани, да ги заштити своите компании“, додаде тој.