Белгија под притисок да ги замрзне цените на 100 основни производи за три месеци
Белгија треба да ги замрзне цените на 100 производи за три месеци за да се осигура дека луѓето нема да западнат во финансиски проблеми кога купуваат основни производи поради вртоглавата инфлација, соопшти организацијата за заштита на потрошувачите Тест Ачатс.
Купувањето намирници во супермаркет беше за 20% поскапо во март оваа година отколку во истиот месец во 2022 година, поради што Test Achats покренува предлог федералната влада да ги замрзне цените на одредени производи, како што се лебот, млекото ,овошјето и зеленчук.
„Ние сме во исклучителна ситуација и на потрошувачите им стана тешко да купуваат основни производи по пристапни цени“, рече портпаролката Лаура Клејс за фламанското радио. Предлогот дојде од Грција, а неодамна беше имплементиран и во Франција, каде што „анти-инфлациската кошница“ вклучувајќи некои основни работи гарантира дека потрошувачите нема да наидат на проблеми. „Ако тие можат да го направат тоа, зошто да не можеме и ние? Енергетската криза се претвори во криза со храна“, рече таа.
Додека Test-Achats призна дека федералната влада веќе направила напори да ја заштити куповната моќ – со основниот пакет за енергија, на пример – Клејс додаде дека „очајните времиња бараат очајни мерки“.
„Знаеме дека ресурсите на владата се ограничени, но мислиме дека треба да се разгледаат решенија. Не мислиме дека ваквата антиинфлациска кошница е лоша идеја, затоа и ја предлагаме“, рече таа. „Како тоа треба да се реши и кој треба да плати, може да се разработи подоцна“.
Фламанскиот министер за работа Џо Браунс сепак, изјави за Het Laatste Nieuws дека не е убеден дека мерката е соодветна: полиците ќе останат празни, а добавувачите ќе банкротираат ако владата одлучи да ги замрзне цените. За ваква антиинфлациска кошничка не е ниту трговската организација „Комеос“, бидејќи според нив маржите на супермаркетите се веќе мали, а притисокот врз земјоделците само ќе се зголемува.
„Супермаркетите можеби ќе мора да продаваат со загуба некое време“, рече Клејс. „Но, ние сме во исклучителна ситуација и на потрошувачите им стана многу тешко да купуваат основни производи, затоа мора да се најде решение. Ако Comeos и владата кажат дека нашата идеја е лоша, тие се поканети да излезат самите со подобра“.