Белата куќа стана градинка


Илон Маск им кажал на блиските луѓе дека ќе ги помине следните четири месеци работејќи 24/7 на обврските околу DOGE за да скрати до 2 трилиони долари од федералниот буџет.

Како изгледа тоа во реалноста покажува оваа фотографија на која Маск, на средбата со индискиот премиер Наренда Моди дојде со дадилка и три деца, откако претходно се појави на прес конференција со претседателот Доналд Трамп заедно со својот син.

Патем, малиот Маск во еден момент му дофрли на Трамп- „Ти не си претседател, оди си“.Овие фотографии предизвикаа реакција во смисла – што, зар Белата куќа организира дневна грижа за децата на Маск во Белата куќа?

Интересно би било да се знае дали Маск им дозволува на своите вработени да доаѓаат со семејствата на работа.