Бектеши и директорот на Бирото за метрологија Селами на средба со менаџментот на ЕВН Македонија и ЕВН Дистрибуција
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска заедно со директорот на Бирото за метрологија, Авдуљ Сељам Селами ќе ја посетат подружницата на ЕВН Македонија во Бутел и ќе направат увид на лабораторијата каде што се врши тестирање на броила за електрична енергија.
Како што најавија од Министерството за економија, во рамки на пoсетата ќе остварат средба со менаџментот на ЕВН Македонија и ЕВН Дистрибуција.