Белград ќе набави 300 нови автобуси и 20 трамваи – нафта на улиците не смее да има


Белград, во ребалансот на Буџетот на градот, кој денеска е на пред советниците, планира да набави 300 нови автобуси кои нема да возат на нафта, како и 20 нови трамваи кои не се обновени 15 години, најави градоначалникот Александар Шапиќ.

Благодарение на ребалансот ќе се обезбедат средства за набавка на нови градски транспортни возила на гас, најави градоначалникот и потенцираше возилата на нафта повеќе да не се на улица.

Градот планира, како што рече градоначалникот, благодарение на заемите и лизингот, како и заштедата на нафта што нема да ја користат новите возила, значително да го обнови возниот парк на Градското сообраќајно претпријатие ГСП.

„Рамката е околу 300 милиони евра, а во зависност од можностите на Градот, средствата во следните неколку години ќе се искористат за набавка на нови возила, кои ќе бидат на гас или на струја врз основа на стратешка одлука“, рече тој.

Шапиќ нагласи дека пресметката ќе биде таква што секоја набавка отсега всушност ќе го чини Градот нула динари, бидејќи на годишно ниво разликата во цената меѓу нафтата и гасот би била точно колку, ако не и повеќе, од цената на ново возило што би се купило.

„Очекувам дека во првиот круг ќе набавиме речиси 300 автобуси, но ќе се обидеме да набавиме и околу 20 трамваи, првпат по петнаесет години“, рече Шапиќ.