Бебе елен-лопатар се роди во Скопската зоолошка градина


Во скопската Зоолошка градина се роди бебе од видот елен лопатар.

Информацијата попладнево ја споделија од Зоолошката на нивната страница на „Фејсбук“.

-Нашето најново бебе од видот елен лопатар. Малечкото веќе напредува супер и е милениче на целата група елени кои се грижат за него, објавија од Зоолошката градина.