Базенот во СЦ „Борис Трајковски“ привремено затворен поради оштетување на таванот


Фото: Б. Грданоски

По велигденските празници, базенот во рамките на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје е привремено затворен, откако дел од таванската конструкција – конкретно лајсна – се одвоила и паднала на плочките.

Раководството на спортскиот центар веднаш донело одлука да го затвори базенот за јавноста и пливачките клубови, со цел да се извршат неопходните градежни и безбедносни интервенции. Санацијата е најавена да трае околу еден и пол месец, по што базенот повторно ќе биде отворен за корисниците.

Базенот беше реновиран во 2010 кога на власт беше ВМРО-ДПМНЕ, а директор на објектот беше Ратко Капушевски.

Капушевски од минатиот месец е во притвор за случајот за злоупотреби во набавки на мазут и перење пари, со што е оштетен буџетот на државата за 167 милиони евра.