Баз вода дел од Центар

Прекин во водоснабдувањето денеска од 10 часот ќе имаат дел од корисниците на улиците „Димче Мирчев”, „Црниче”, „50 Дивизија” и МВР.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, прекинот е поради дефект на улица „Белградска” без број, во кругот на МВР во населбата Водно.
Корисниците ќе бидат без вода до санирање на дефектот.