Баз Лурман ќе снима филм за Јованка Орлеанка


Ана Винтур со режисерот Баз Лурман

Баз Лурман, режисерот на филмот „Мулен Руж!“, ќе снима биографски филм за Јованка орлеанка, соопштија од студиото „Ворнер Брос“, а пренесува „Дедлајн“.

Австралиецот, познат по филмовите „Големиот Гетсби“, „Ромео и Јулија“, „Елвис“… подготвува нова верзија на филмската приказна за француската национална хероина и една  од командантите на француските сили во Стогодишната војна, која била запалена на клада на деветнаесетгодишна возраст.

Кастингот за главната улога веќе започна. Сè уште нема детали за содржината или датум на објавување. Последниот филм на Лурман „Елвис“ излезе во летото 2022 година, заработи 288 милиони долари и доби осум номинации за Оскар.