Басистот на „Faith No Morе“ промовираше ракија „Јебига“

САД– Били Гулд, басистот на бендот „Faith No Morе“  е голем фан на Балканот и чест гостин на неговите простори па неговата љубов дестилираше во логичен производ. На честите патувања по Србија наидувал на одлични локални ракии од слива кои потоа не успевал да ги најде па затоа решил да создаде своја. Се вика „Yebiga и се продава под традиционалниот слоган „Баба знае најдобро“.

Етикетата има дизајн на читуља а утопискиот идеал на Гулд е „Обединување на Балканот, голтка по голтка.“.

Здружен е со дестилерија од Србија, ракијата велат дека е врвна, има 43 степени, се прави од рачно берена чачанска слива и чиста изворска вода. Влегува во шише по 18 месечно одлежување во дабови буриња. Ракијата има „изразени ноти на боровина и овошје, лесно тело и долг финиш во кој се чувствува цитрус и ванила“ .

„Нема веќе скршени шишиња по куфери, нема веќе чекање бившата да се омажи или дедото да умре, сега секој ден можете да уживате во есенцијата на домашното совршенство,“ порачува новопечениот ракијаш.

Да имаш своја пијачка е тренд во Холивуд. „Моторхед“, Бекам и Дрејк имаат свое виски, Вили Нелсон продава свој бурбон, Џорџ Клуни произведуваше текила, Мерилин Менсон нуди свој апсинт кој се вика Мансинт, а  Бил Мареј инвестираше во словенечка вотка.