Барселона потпиша со џин од 210 сантиметри: Има само 13 години, но веќе е чудо од играч

Барселона не сака млади таленти само во фудбалот, клубот од Каталонија размислува и за иднината кога е во прашање кошарката. Затоа Мохамед Дабоне се приклучи на првиот тим со само 13 години. Сепак, многумина се сомневаат во веродостојноста на информациите за момчето од Буркина Фасо бидејќи неговата висина веќе достигнува 210 сантиметри.
Дабоне сè уште нема 14 години (ќе наполни во октомври), тој беше многу важен играч за Барселона во селекцијата до 16 години. Поради игрите што ги играше, а особено поради неговите физички способности, Барселона одлучи да го продолжи договорот на 13-годишниот кошаркар. Идејата е момчето од Буркина Фасо да тренира со првиот тим во текот на целата сезона.
Освен Дабоне, во првиот тим беше додаден и Саџон Кеита. Идејата за Барселона е, секако, инвестиција во иднината на овој клуб, но и еден од начините да се спречи постојано растечкиот одлив на таленти кон НЦАА лигата, која нуди повеќе од привлечни понуди за млади таленти (образование, плата и спорт).
Mohamed Dabone, nascut a Burkina Faso i que encara no te els 14 anys, passarà a la disciplina del primer equip.
El Barça te una plantilla relativament “vella” però segurament tindrà al jugador més jove de la @LigaEndesa i la @EuroLeague…https://t.co/lYPQteHdHE— Joan Carles Calbet (@jccalbet) August 12, 2025
Во Мини Купот на АЦБ минатата сезона, Дабоне забележа неверојатна статистика, беше прогласен за најдобар играч на натпреварот против Реал Мадрид кога постигна 22 поени, 26 скока и сето тоа со индекс на корисност од 48. Против истиот клуб, само на турнирот „Виља де Ла Оротава“, кошаркарот од Буркина Фасо постигна 31 поен, запиша 19 скока, четири блокади и индекс на корисност од 45.
Неговата игра не само што доби на важност оваа година, додека беше уште помлад, на турнирот „Лукемија Фондација“ во 2023 година, тој постигна 25 поени, 14 скока, шест блокади и имаше индекс на корисност од 40 во финалето против Реал.