Барселона нема да ги продава своите врвни играчи


 Спортскиот директор на Барселона, Деко негира дека каталонскиот клуб има сериозни финансиски проблеми кои бараат продажба на играчи. 

Во исто време, тој ја истакна строгоста на финансискиот фер-плеј во Шпанија.

– Тоа е проблем за многу клубови, но вие слушате само за Барса бидејќи ние сме голем клуб, изјави Деко за „Би-би-си“.

Според него, раководството на Барселона не планира да продава врвни фудбалери.

Деко додаде дека клубот е задоволен што го продолжил договорот со компанијата „Најк“  и дека модернизираниот Камп Ноу со 110.000 седишта ќе стане најголемиот стадион во Европа и ќе ги зголеми приходите на Барселона.