Барселона на реновираниот „Камп Ноу“ ќе го пречека Ајнтрахт во Лигата на шампионите
Барселона објави дека нивниот натпревар од Лигата на шампионите против Ајнтрахт Франкфурт ќе се одржи на реновираниот стадион „Камп Ноу“. Натпреварот е закажан за 9 декември.
Одлуката е донесена по добивањето на првата лиценца, која предвидува зголемување на капацитетот на стадионот.
Клубот ќе започне со продажба на билети во наредните денови.
Претходно, Каталонците објавија дека „Камп Ноу“ ќе биде домаќин на нивниот натпревар од 13. коло од Ла Лига против Атлетик Билбао. Натпреварот ќе се одржи на 22 ноември.
We’ve dreamed about the return. Now, it’s here.
We’re back home. Back at Spotify Camp Nou 🏟️💙❤️ pic.twitter.com/sMTEuPbUvX— FC Barcelona (@FCBarcelona) November 17, 2025
За време на реновирањето на „Камп Ноу“, кое започна во летото 2023 година, каталонскиот тим ги играше своите домашни натпревари на Олимпискиот стадион во Барселона.