Банкок нема повеќе да биде главен град на Тајван?
Заради пренаселеност, загадување и последици од климатските промени, како што се подигнување на нивото на морето, многу земји размислуваат да ги преселат своите престолнини.
По Индонезија, Тајланд би можела да биде следната држава во југоисточна Азија која ќе ја пресели престолнината, откако премиерот Прајут Кан-Ока оцени дека таков чекор би му помогнало на Банкок да ги надмине сите урбанистички предизвици.
Како и Џакарта, Банкок се соочува со пренаселеност, загадување, пораст на нивото на морето и густиот сообраќај, пишува „Гардијан“.
Пред градот се две опции, да се пронајде друг град кој не е предалеку, ни прескап за преселување, а друга можност е раселување во пошироките подрачја на Банкок за да се намали метежот.
Премиерот истакна дека таков чекор подразбира сеопфатно истражување на социјалните и економските последици.
Тој предлог следи само неколку недели откако претседателот на Индонезија Џоко Видодо, најави преселување на административното седиште на земјата од пренаселената Џакарта во Источен Калиматан, на индонезискиот дел од островот Борнео.
Состојбата во Џакарта, изградена на трустно подрачје во мочуриште на 13 реки, дополнително е загрозена од стихијниот развој, лошото урбанистичко планирање и сообраќајниот метеж.
Дополнителен проблем е тоа што Џакарта нема водоводен систем во северниот дел, па поради тоа искористување на подземните води доведе до лизгање на тлото и Џакарта во некои делови тоне за 25 сантиметри годишно.
Иако главниот град ќе биде изграден на друго место, властите очајнички смислуваат мерки за да го спасат градот, а некои од предлозите се вештачки острови околу Џакарта и подигнување на брана околу најзагрозените подрачја.
На листата градови кои тонат, покрај Џакарта се и градови како Венеција, Шангај, Њу Орлеанс и Банкок, но Џакарта до сега направи многу малку за да ја реши ситуацијата.
Инаку, и до сега се менувале главни градови.
Во 2005 година Нејподо стана нов главен град на Мјанмар, место Јангон.
И Канбера е изградена за да стане главен град на Австралија во 1911 година место Мелбурн.
Бразилија е, исто така, изградена за Бразил да ја пресели престолнината од Рио де Женеиро во 1960 година.