Skip to content

04/04/2026

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
Независен Весник
  • Политика
  • Македонија
    • Скопје
  • Економија
  • Свет
    • Балкан
  • Колумни
  • Фељтон
  • Култура
  • Сцена
    • Лајфстајл
  • Спорт
  • Хроника
  • Занимливости
    • Технологија
Пребарај
Независен Весник
Пребарај
  • Политика
  • Македонија
    • Скопје
  • Економија
  • Свет
    • Балкан
  • Колумни
  • Фељтон
  • Култура
  • Сцена
    • Лајфстајл
  • Спорт
  • Хроника
  • Занимливости
    • Технологија

Народна банка: Банките отпорни на стрес

07/08/2019 13:35

Фото: Б. Грданоски

Финансиската стабилност во земјава се задржа во текот на минатата година, при истовремено продлабочување на нивото на нефинансиско посредување, а работењето на финансиските институции се одвиваше во релативно поволен домашен амбиент.

Ова го покажува извештајот за финансиската стабилност во 2018 година објавен од Народната банка, во кој се посочува дека банкарскито систем како клучен сегмент од финансискиот сектор ги подобрил показателите за изложеноста на ризици, а стрес-тестовите упатуваат на солиден капацитет за апсорбирање на потенцијалните шокови.

Кај активностите на банкарскиот сектор е забележан значително забрзан раст, при раст и на профитабилноста и подобрување на профилот на ризик на домашните банки.

Банкарскиот систем, според извештајот е ликвиден и високо солвентен, со стапка на адекватност на капиталот од 16,5 отсто и преовладување на најквалитетниот, т.н. редовен основен капитал во вкупниот регулаторен капитал.

Квалитетот на активната е на солидно ниво, со учество на нефункционалните во вкупните кредити од 5,2 отсто и висока покриеност на овие кредити со издвоени резервации за очекувани кредитни загуби од 76,3.

Средствата на банкарскиот сектор претставуваат 82,5 отсто од вкупната актива на финансискиот сектор, а активностите на останатите сегменти од финансискиот систем, со исклучок на задолжителните капитално финансирани пензиски фондови, се прилично скромни по обем, наведуваат во извештајот.

Кај корпоративниот сектор, според извештајот, се забележани подобрени резултатите од работењето, зголемена додадена вредност, отворени нови работни места и раст на платите на вработените.

– Показателите за профитабилноста, задолженоста и способноста за редовна отплата на обврските забележаа подобрување, стои во извештајот.

Во делот на домаќинствата показателите за солвентноста и ликвидносната позиција, заедно со ниското и стабилно учество на нефункционалните во вкупните кредити во портфолијата на банките, и натаму упатуваат на релативно ограничена чувствителност на овој сектор на шокови и главно одржување во контролирани рамки на ризиците за финансиската стабилност што произлегуваат од него.

Кај капитално финансирано пензиско осигурување, во извештајот се наведува, дека не се очекуваат поголеми ризици од работењето.

– Неодамнешните измени во законската регулатива треба да овозможат зајакнување на одржливоста на вкупниот пензиски систем на долг рок и стабилна исплата на пензиите на осигурениците. Друштвата за управување со пензиските фондови применуваат конзервативна инвестициска политика во рамките на регулаторните ограничувања и правила и се очекува основањето трето пензиско друштво да придонесе за зголемување на конкуренцијата во овој сегмент од финансискиот систем, наведуваат во извештајот.

Средствата на другите чинители на финансискиот систем се помалку од седум отсто од активата на финансискиот систем, а половината од нив отпаѓаат на осигурителниот сектор.

ReplyForward

 


Поврзани содржини

Пет министри за финансии на ЕУ бараат данок на неочекуваниот профит од енергетиката
04/04/2026 13:04
Горивата во Македонија се меѓу најевтините, но возењето е најскапо
04/04/2026 09:04
Зошто цената на американската ВТИ нафта се зголеми над цената на Брент за прв пат по четири години
03/04/2026 17:04
Во САД, во март беа отворени 178.000 нови работни места, невработеноста се намали на 4,3 отсто
03/04/2026 16:04

Драматично предупредување од ЕУ: Подгответе се за најлошото, ова ќе биде долга криза
03/04/2026 16:04
Глобалните цени на маслото и на шеќерот се зголемија
03/04/2026 15:04
Нов повик за инвертер клими, ќе се аплицира целосно електронски, без редици
03/04/2026 14:04
Азески ќе разговара со Коњановски за развојот на стопанството во битолскиот регион
03/04/2026 14:04

Најчитани


  • Дончиќ: Она што ви го прават Грците и Бугарите на европскиот пат е европска срамота
    28/03/2026 17:42
  • Од понеделник променливо облачно и посвежо, пообилни врнежи во среда и четврток
    29/03/2026 12:37
  • Драматично предупредување од ЕУ: Подгответе се за најлошото, ова ќе биде долга криза
    03/04/2026 16:19
  • Куманово планира изградба на административна зграда кај Чоробенско ќоше
    31/03/2026 14:16
  • Иран ја предупреди Бугарија
    01/04/2026 14:48
  • Кај новиот „Лидл“ во Кавадарци ќе се гради кружен тек
    03/04/2026 12:40

© Независен Весник  2019 -2026

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење