Банката на Англија ги зголеми каматните стапки 14-ти пат по ред на највисоко ниво во последните 15 години
Централната банка на Англија (БОЕ) денеска ја зголеми референтната каматна стапка за 25 базични поени, на 5,25 отсто.
Во соопштението на веб-страницата на банката се наведува дека економијата на Обединетото Кралство расте и дека невработеноста е ниска, но и дека инфлацијата паѓа премногу бавно, што доведе БОЕ да ја зголеми каматната стапка 14-ти пат по ред.
Во јуни цените во Велика Британија пораснаа за 7,9 отсто на годишно ниво, што е далеку од целта на БОЕ, која сака да ја потисне инфлацијата на 2,0 отсто.
„Повисоките каматни стапки значат дека трошоците ќе бидат повисоки за некои луѓе, но ако не ги зголемиме каматните стапки, инфлацијата може да трае подолго, а тоа особено би ги погодило луѓето со ниски приходи“, се вели во соопштението на БОЕ.
Банката на Англија очекува инфлацијата во Велика Британија да падне на 5,0 отсто до крајот на годината, а на почетокот на 2025 година да падне на посакуваните 2,0 отсто.