Банка од Естонија воведува ограничувања за Србија бидејќи нема санкции кон Русија


 

Естонската банка ЛХВ објави дека од 1 септември ќе воведе нови ограничувања на плаќањата со Србија и со уште четири земји, бидејќи тие не воведоа санкции кон Русија по нападот на Украина.

„Во врска со тешката меѓународна ситуација предизвикана од руската агресија, од 1 септември 2023 година, плаќањата не можат да се вршат или примаат од банките во Ерменија, Србија, Узбекистан, Киргистан и Казахстан“, објави ЛХВ банката на својата веб-страница.

Оттаму додаваат дека ограничувањето важи за сите валути, како и за сите филијали на банки кои можат да бидат регистрирани или да работат надвор од споменатите земји.

„Се обидуваме да обезбедиме сите плаќања направени до 31 август 2023 година (вклучувајќи го и тој ден) да стигнат до примателите. Сите плаќања направени по 1 септември 2023 година ќе му бидат вратени на исплатувачот“, наведува естонската банка на својата веб-страница.

Тие додаваат дека ќе добиваат исплати од споменатите земји во, како што велат, „исклучителни случаи“, доколку примачот на исплатата ја известил банката за својот оправдан интерес (на пр. национални интереси на Естонија, социјални причини итн.), пишува Нова.рс.