Балашевиќ пред смртта му остави писмо на семејството: Ќерката откри што пишувало во него

Омилениот пејач и композитор во регионот почина на 19 февруари, оставајќи ги зад себе сопругата Оливера, ќерките Јована и Јелена, синот Алекса и бројни хитови и поетски стихови


Фото: Б. Грданоски

Балашевиќ почина на Клиниката за инфективни болести на Клиничкиот центар на Војводина во Нови Сад, губејќи ја битката со Ковид вирусот.

Панонскиот морнар, како го викаа од љубов, отплови засекогаш во друг свет, но зад себе остави безвременски песни кои  ги будеа најдлабоките емоции на сите генерации. Во последните денови од животот го придружуваше сопругата Оливера, неговата животна сопатничка и неисцрпна инспирација, на која и посвети некои од своите најубави песни. Нивната последна средба, како што таа еднаш раскажа, била исполнета со љубов и надеж, без ниту една навестување дека тоа ќе биде збогување засекогаш.

На концерт во Скопје, 2021/ Фото: Б. Грданоски

„Додека шетав низ зградата, сретнав една познаничка и ја прашав дали знае каде му се собата и прозорецот. Ме однесе зад зградата и ми покажа. Се разбира, се видовме. Тој ја подаде раката и ме поздрави како ништо да не е фатално пред нас. Како да нема разделба. Тоа е нашата приказна од прозорецот. Верувам дека остави уште еден прозорец за да комуницираме и понатаму.Му мавтав, му покажував да биде силен, како што тој ме довикуваше пред студентскиот дом. Сигурна бев дека од тоа ќе направи уште една песна што ќе ме расплаче мене прво, а потоа и генерациите кои доаѓаат“, изјави Оливера во телевизиско гостување.
Балашевиќ зад себе оставил и проштално писмо до семејството кое го испратил преку мејл, а неговата ќерка Беба еднаш открила дел од таа интимна приказна.

„Тоа е нешто што чувствувавме дека треба да го задржиме за себе, но сега чувствувам дека е вистинско време да споделиме барем дел од тоа. Тато ја имаше таа неповторлива смисла за хумор – во една реченица ќе ве расплачеше, во следната ќе ве насмееше.Претпоследниот ноември, месецот од кој се плашевме заради „Дрвената песна“, ни напиша мејл. Јас бев лута, затоа што звучеше како прирачник за живот без него, бидејќи тато никогаш повеќе не потсетуваше на песната „Ако“ на Киплинг.

Таа додаде дека писмото никогаш нема да биде објавено затоа што тоа е нешто што им припаѓа само нив, но дека Ѓорѓе во него им оставил насоки како да се справат со неговата работа, ситуациите што ќе ги снајдат по неговата смрт, но и со сите непријатни работи што, како што предвиде, веќе се случиле.

“Тој нè подготви на се. Нема да цитирам ниту една реченица од него, но тој го кажа тоа. Ние само ги следиме желбите на еден човек кој ни исполни се во животот, па време е сега да му ги исполниме желбите, исто како кога беше тука”, емотивно изјави неговата ќерка.