Бајден во исто време користи ТикТок и се заканува дека ќе го забрани


Претседателската кампања на Џо Бајден ќе продолжи да користи ТикТок, изјави денеска претставник на кампањата, набргу откако американскиот претседател го потпиша законот со кој ќе се забрани апликацијата освен ако нејзиниот кинески сопственик не ја продаде.

Одлуката доаѓа во време кога многу млади и левоориентирани гласачи, значителен дел од базата на корисници на ТикТок, не се задоволни од начинот на кој Бајден се справува со војната во Газа, што ги ескалира протестите на универзитетите низ целата земја.

„Фагментарното медиумско опкружување бара од нас да се појавиме и да допреме до гласачите таму каде што се, вклучително и онлајн. ТикТок е едно од многуте места каде што сакаме да ја пренесеме нашата содржина до гласачите“, рече претставник на кампањата на Бајден, кој сакаше да остане анонимен.

Кампањата ќе користи „напредни безбедносни мерки“ додека ја користи апликацијата, рече официјалниот претставник. Владата не е работодавач на вработените во кампањата на Бајден и тие не се занимаваат со прашања за националната безбедност, па им е дозволено да ја имаат апликацијата на своите телефони, рекоа претходно претставници на кампањата.

@bidenhq

lol

♬ original sound – Biden-Harris HQ

Бајден има повеќе од 306.000 следбеници на ТикТок

Профилот ТикТок на кампањата на Бајден, @bidenhq, објави речиси 120 видеа и има повеќе од 306.000 следбеници. Бајден редовно објавува видеа таму, иако Белата куќа вели дека ТикТок покренува „легитимна загриженост за националната безбедност“.

@bidenhq @Bernie Sanders ♬ original sound – Biden-Harris HQ

ТикТок планира да поднесе жалба на законот, а извршниот директор на компанијата во средата рече дека очекува да ја добие правната битка и да ја блокира.

Четиригодишната битка за ТикТок е големо бојно поле за интернет и технологија меѓу Вашингтон и Пекинг.

Новиот закон и дава на БајтДенс (ByteDance), матичната компанија на ТикТок, девет месеци да ја продаде апликацијата или ќе биде забранета во САД.