Бајден вети помош за сите Американци погодени од кризата

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден вети помош за сите Американци притиснати од економската криза, која неговата идна министерка за финансии ја нарече „американска трагедија“.

– Ја испраќаме оваа порака до сите што сега се борат: доаѓа помош, рече Бајден во Вилмингтон, каде што го претстави својот економски тим.

– Толку многу луѓе едвај јадат и едвај ги плаќаат сметките и киријата, тоа е американска трагедија, рече Џенет Јелен, идната министерка за економија.

Таа додаде дека што е можно побрзо мора да се преземе нешто со цел рецесијата да не направи уште поголема штета.

Бајден рече дека за милиони Американци кои останаа без работа, помошта мора да биде брза, и го повтори предизборното ветување за создавање добро платени работни места и намалување на нееднаквоста.