Бајден пристигна во Израел (фото/видео)


Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден пристигна во Израел.

Бајден доаѓа во Израел за да покаже поддршка за таа земја во нејзината војна против милитантите на Хамас, но и да постави „тешки прашања“ во време кога, според Палестинците, најмалку 500 луѓе биле убиени во напад на израелските сили врз болница во Газа, што доведе до откажување на неговиот планиран самит со арапските лидери, објави претходно портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби.