Бајден именуваше прва родно флуидна личност на позиција во владата


Американскиот претседател Џо Бајден, минатиот месец го именуваше Сем Бринтон на позиција во тамошното министерство за енергетика, со што Бринтон ќе биде прв функционер на американската влада кој се изјаснува како родно флуидно лице. Функцијата која ќе ја извршува се фокусира на одлагање гориво и отпад во канцеларијата за нуклеарна енергија.

Бринтон сака да му се обраќаат со тие, место со тој или таа. Инаку, родно флуидно лице се смета оној чиј родов идентитет се менува во зависност од самото чувство на лицето.


„Да, знам дека нема да биде лесно. Да, сфаќам дека ова е голем предизвик. Да, можам да прифатам“, вели Бринтон на Линкдин.

Тој има две дипломи од Институтот за технологија на Масачусетс (MIT) и се заминава со ЛГБТИК+ активизам и со драг перформанс. Покрај дипломите од елитниот Универзитет, противниците вршат напад врз него на социјалните мрежи, затоа што главно се фокусираат на неговиот личен живот.

Напади од десницата

Тери Шилинг, претседател на конзерватното лоби здружение Американ принципалс проект, го нарече Бринтон „комплетен сексуален дегенерик“, а во друг твит пишува: „Ако тој е задолжен за прашањата на нуклеарен отпад во администрацијата на Бајден, треба да почне од себе.“

Иако Бринтон е првиот родно флуиден човек со позиција во американската влада , ЛГБТИК+ лицата (барем оние кои јавно се истакнале како такви) активни се во американската политика уште од 1960-тите години на минатиот век.

Хозе Сарија, драг перформер, беше привот кој јавно се декларираше како хомосексуалец и се натпреваруваше за претседател на САД. Тоа беше дури 15 години пред Харви Милк да биде избран во одбоорт во Сан Франциско со што стана привот хомусексуалец во калифорниската влада. Слично на него, на позиција стигнаа и Марти Камингс и Мебе А. Грл.