Бајден добива дополнителна заштита од Тајната служба


Демократскиот кандидат за претседател на САД,  Џо Бајден треба да добие дополнителна заштита од агентите на тајната служба денеска, бидејќи планира да остане во Вилмингтон, Делавер уште еден ден за можен говор, јавија локалните медиуми.

Бајден би добил заштита од дополнителни агенти за да остане во Центарот Чејс во Вилмингтон, каде што во моментов е сместен со својот персонал под заштита на десетина агенти, објави „Вашингтон пост“ повикувајќи се на анонимни извори.

Според извештајот, дополнителни агенти ќе бидат испратени во конгресниот центар за да ја зголемат безбедноста таму од денеска, додека Бајден се подготвува да одржи главен говор.

Според проекциите на Асошиејтед Прес, Џо Бајден е се поблизу до 270-те изборни гласови што му се потребни за да го победи претседателот Доналд Трамп со победите во Мичиген и Висконсин.

Со тие држави и Аризона, уште една – како Пенсилванија – би била доволна за победа на изборите додека кампањата Трамп се бори против него со судски процеси.

Еве го статусот на некои сојузни држави:

Пенсилванија: Предноста на Трамп се намали на 19.000 гласови рано утрото додека продолжија да се бројат стотици илјади гласачки ливчиња по пошта, кои се очекува да го фаворизираат Бајден

Џорџија: Бајден поведе со 917 гласови денеска во трка за која најверојатно ќе биде потребно пребројување, без оглед на резултатот.

Северна Каролина: Трамп предводеше 76.000 гласа вчера, но државата се уште брои околу 116.000 гласачки ливчиња по пошта и 40.000 гласачки ливчиња.

Невада, каде Бајден има предност од 11.000 гласови засега е нејасно со резулатите.