Бајден доби плочка на Алејата на храброста


Претседателот на САД, Џо Бајден, доби плочка во Алејата  на храброста во Киев. 

Патеката на храбрите беше поставена во Киев на иницијатива на претседателот на Украина Володимир Зеленски за 31-годишнината од независноста на земјата. Местото не беше случајно избрано, бидејќи беше на плоштадот на Уставот спроти Врховната Рада.

На Алејата се наоѓаат плочки на неколку лидери кои ја поддржаа Украина за време на руската инвазија од 2022 година. Прв беше награден претседателот на Полска Анджеј Дуда, а плочки добија и Борис Џонсон и  Урсула фон Дер Лајен.