Бајден до Трамп: Прекини ја оваа опсада

Избраниот претседател на САД Џозеф Бајден изјави дека вечерашните нереди во Вашингтон не ја претставуваат Америка.
„Го повикувам Трамп да излезе на националната телевизија и да ја исполни својата заклетва, да го брани Уставот и да бара да прекине оваа опсада“, рече Бајден.
„Во овој момент нашата демократија е под напад, напад на тврдината на слободата – Капитол, напад на претставниците на народот и јавните службеници, полицајците чија работа е да го штитат мирот“, рече Бајден и додаде дека во следните четири години мора да ја обноват демократијата, владеењето на правото и пристојноста.
Тој смета дека вечерашните настани се дело на мала група екстремисти.
„Ова е хаос и мора да заврши сега“, вели Бајден. Тој ги повика насобраните да се повлечат и да ѝ допуштат на демократијата да ја продолжи својата работа.
President-elect Biden addresses the nation: https://t.co/BXM3SZK25R
— The White House (@WhiteHouse) January 6, 2021
Трамп, веднаш, потоа со видео на Твитер ги повика демонстрантите да се повлечат.
„Ја знам вашата болка, знам дека сте повредени, знаеме дека изборите беа украдени.. но треба да си одите дома сега, треба да има мир. Мора да имам поредок и да ги почитуваме луѓето од поредокот. Не сакам никој да биде повреден“, порача тој.
Додаде дека САД поминуваат тешко време „со тоа што нѝ го одзедоа, од сите нас“.
„Ова беа фалсификувани избори, но не можеме да се справиме со овие луѓе. Знам како се чуствувате, како другите беа третирани, но одете дома во мир“, рече Трамп.